Јапонците, на кои им здодеал класичниот вкус, наскоро ќе можат да уживаат во Кока кола со вкус на зелен чај  или босилек. Вкусот на зелен чај ќе им го понуди Кока кола, додека Пепси има “Pepsi Shiso” со вкус на босилек.


Кока колата со вкус на зелен чај содржи антиоксиданси, има благ вкус на зелен чај и воглавно е наменета за жените од дваесеттите и триесеттите години кои се грижат за нивното здравје.
-Сакавме да ги задоволиме потрошувачите кои сакаат вкусен и здрав пијалок кој е добар и за убавината-изјавил портпаролот на Кока-кола во Јапонија.