Американската компанија Кока Кола повеќе не е најдобар светски бренд, откако од таа позиција била симната од американскиот прозводител на Ајфон и Ајпод „Ејпл“. Тоа било прв пат овој производител на безалкохолни пијалоци да не го заземе првото место на листата од 100 најмоќни брендови во светот, која од 2000 година ја составува консултантската компаника „Интербренд“.
Всушност Кока Кола оваа година паднала за две позиции, губејќи и од компанијата Гугл, која се пробила на второто место на листата. Според проценките на „Интербренд“, вредноста на Ејпл е 98,31 милијарда долари, што во однос на минатата година е повеќе за 28 проценти, додека вредноста на брендот Гугл изнесува 93,29 милијарди долари.