Највредна марка на светот и понатаму е Кока Кола, но оваа година со голем скок и се приближила компанијата „Ејпл“, благодарение на големата популарност на производите кои ги произведува. Од европските брендови ниту еден не се пробил меѓу првите десет. Кока Кола првото место на листата го држи уште од 2000 година кога и започнало правењето ба листата. Моментално вредноста на оваа компанија се проценува на 77,839 милијарди долари.Вредноста на „Ејпл“ во последнава година е зголемена за 129 проценти, со најголем раст од сите брендови, и изнесува 76,568 милијарди долари. Минатата година „Ејпл“ бил на осмото место. Првите осум места ги заземаат фирми од САД. По Кока Кола и Ејпл следуваат IBM, Гугл, Мајкросфт, Џенерал Електрик, Мек Доналдс и Интел.

Најдобро пласирана неамериканска фирма е јужнокорејскиот Самсунг на деветтото место, додека на десеттото место е Тојота. Од европските марки на највисоко место е Мерцедес Бенс, на 11 место, а зад него се наоѓа БМВ. Меѓу највредните европски брендови минатата година била и Нокиа, но минатата година претрпела остар пад и оваа година нејзината вредност се намалила за 16 проценти и се нашла на 19 место. Прв пат на листата се нашла и една друштвена мрежа, бидејќи на 69 место се пробил Фејсбук, со вредност од 5,421 милијарди долари.