Откако тутунската индустрија ја изгуби битката со јавноста и призна дека пушењето е штетно, сега и прехрамбената индустрија го признава својот дел од вината за епидемијата на прекумерна телесна тежина во развиените земји на светот. Така претседателот на Кока Кола за Северна Америка, Сенди Даглас, признал дека секој ден пие само по една Кока Кола, а попладне евентуално една без шеќер. Иронично е дека Даглас, кој за компанијата работи 26 години, признава дека самиот себеси не си дозволува да испие премногу Кока Кола поради здравјето, а истовремено ги поттикнува другите да ја купат.
Очигледно е дека Кока Кола одлучила да го измени својот имиџ на најповикан виновник за дебелината на американците, бидејќи пред една година и челникот на компанијата за Европа, Џејмс Квинси, признал дека предизвикува дебелеење. Признал откако еден новинар го соочил со фактот дека во само една лименка има шест коцки шеќер. Тој изјавил дека и тие самите мораат да дадат придонес во решавањето на проблемот се прекумерната тежина. Со децении земаме повеќе калории отколку што можеме да потрошиме. Додал дека поради тоа на потрошувачите им даваат информации за калориите на амбалажата и тие информации ги ставаат во рекламите.