Секоја жена би требало да знае со шминката да ја истакне својата убавина и да ги прикрие недостатоците. Посебно е важно шминкањето на очите, бидејќи тие оставаат силен впечаток. Очите се, како што се вели, огледало на душата. Согласно на тоа, што се поубаво нашминкани, тоа подобро.
За повеќе да не грешите при изборот на сенка за очи, ви пренесуваме како да ја изберете идеалната боја на сенка според бојата на очите.

Светло кафени очи
Со оваа боја на очи, одлично одат земјените чоколадни тонови. Сенката треба да се нанесува преку целиот капак, а на работ од трепките да се стави линија од темно сина сенка за да се дефинира обликот на окото. И маскарата би требало да биде црна или кафена.
Темно кафени очи
Виолетовите нијанси се одличен избор за разубавување на темно кафените очи, како и црната маскара. За дневна шминка одлична е сенката со боја на праска.
Светло сини очи
Ако имате сини очи, имате среќа, бидејќи со нив се согласуваат многу бои, меѓу кои златната и сребрената. Не треба да се избегнуваат ниту сините сенки, само мора да се погодат нијансите.

Светло зелени очи
За да ги истакнете прекрасните зелени очи може да ја користите златната боја или бојата на црно вино. Сребрената со темно сива, е одличен избор за вечерните излегувања.
Темно зелени очи
Светло виолетовата е апсолутно најдобра за темно зелените очи.
Зеленкасто-кафени
Металик боите изгледаат супер, посебно бронзените и златните тонови. Розевите или жолтите нијанси се исто така идеални, но розевите нијанси би требало да бидат посветли.
Црни или речиси црни очи
Смарагдно зелените тонови одговараат на оваа боја на очи. Но може да се стави и светол тон кој ќе ја балансира длабочината на темните очи.