Ждрепката за бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во фудбал чиј домаќин е  Јужна Африка во 2010 година, ќе се изврши денеска  во 14.00 часот во Цирих.

Осум европски селекции кои ги обезбедија вторите места во своите групи на штотуку завршените квалификации ќе се борат за преостанатите четири места кои водат на мундијалот.

Носители вобаражот се репрезентациите на: Франција, Русија, Португалија и Грција, кои ќе вкрстат со: Украина, Република Ирска, Босна и Херцеговина и Словенија.

Првите средби ќе бидат одиграни на 14 ноември, а реваншите се четири дена подоцна.

Ohridnews