Постелнината во која спиел Хитлер, со неговите иницијали и кукасти крстови, ќе биде дадена за продажба наредната недела на аукција во Бристол.

Постелнината, за која се очекува дека ќе ја премине цената од 3 000 фунти, украсена е со вез во облик на орел на кукаст крст и иницијалите на Хитлер.

“Исклучиво ретко е да се најдат за продажба делови од постелнината на Хитлер со извезен личен мотив и монограм“, вели претставникот на аукциската куќа “Druvets” која ја организира лицитацијата.

Пред две години се продадени еден чаршав и една навлака за перница во Германија на еден колекционер.

“Кога Хитлер и Ева Браун го извршиле самоубиството, фиреровата куќна помошничка Ани Винтер однела многу предмети од неговиот стан во улицата Princregentenstrase за да ги зачува од крадци“, велат од аукциската куќа. Во последно време во Германија се појавиле многу предмети за продажба.