Со колкава бројка ќе започнат натпреварите од Првата и Втората фудбалска лига во 19 – та сезона во Македонија ќе биде јасно на 30 јуни до кога клубовите имаат рок да ја уплатата задолжителната котизација. Котизацијата ќе се уплаќа на две еднакви рати, по 6000 евра за Првата лига и 4000 евра за Втората лига .


Доколку нема доволно клубови за да стартува Првата лига истата административно ќе биде дополнета со тимови од понискиот ранг кои ќе ги исполнуваат условите и ќе сакаат да играат во елитното друштво. Дополнување за Втората лига нема да има туку таму ќе стартуваат само екипи кои ги исполнуваат условите, велат од ФФМ.

Ждрепката за натпреварувачките броеви според кои ќе биде направен натпреварувачкиот календар поради терминот за котизација е поместена од 26 јуни за 7 јули. Прволигашкото друштво кое последнава сезона поради административни одлуки на ФФМ и ФИФА заврши само со 9 екипи, во сезоната 2010/11 ќе стартуваат 12, кои ќе играат во трикружен систем.Втората лига која претрпи зголемување на 16 екипи ќе се игра двокружно.

Од годинава ќе има и промена во термините за настап, така прволигашите наместо во недела, првенствените натпревари ќе ги играат во сабота, додека второлигашите мечевите ќе ги играат во недела. Првенството ќе стартува на 1 август, односно на 31 јули.

Охрид годинава ќе има два второлигаши, Охрид 2004 и Охрид Лоте.

Ohridnews