Најдоцна до петок ќе се знае која од домашните естрадни ѕвезди ќе ги забавува охриѓани за најлудата ноќ.
Како што соопшти организацискиот одбор сценариото за прослава на Нова година се утврдва, апреговорите со потенцијалните пеаши се при крај. Предвидено е прославата да започне со најмладите кои на 31 декември во 11 ч. ќе го пречекаат Дедо мраз на плоштадот каде е предвидено градоначалникот на Охрид да подели околу 400 пакетчина.
Загревањето вечерта ќе започне со локални и изведувачи кои настапија на фестивалот Канео фест, а главната журка стартува во 23 ч. со настап на најмалку една позната ѕвезда од домашната естрада.
Во тек е и украсувањето на Охрид кој треба да блесне во новогодишно руво до крајот на неделава.