ВМРО ДПМНЕ сеуште тактизира со името на кандидатот за градоначалник кој ќе му се спротистави на актуелниот носител на таа функција на претстојните локални избори во Охрид. Во јавноста сепак гласно се шпекулира со име на еден од пратениците од владејачката партија, кој како што дознаваме дури и ја депонирал својата оставка кај шефот на партијата.

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ за денеска закажа прес конференција, на која се најавува дека  конечно може да биде симнат превезот на тајност и да биде обелоденето името на кандидатот за градоначалник од редовите на владејачката партија.

Ohridnews