Информацијта за договорената тест средба со Португалија инстат ја вжешти атмосферата во редовите на напатената македонска фудбалска новинарска фела и по медиумите фрчат наслови и коментари за играњето со големиот тим.
Кошаркарите , а поготово ракометарите не разгалија, ни кажаа дека и Македонецот знае да победува па сега нашите апетите растат, и не се водат повеќе според олимпиското „битно е да се учествува“. За мечот закажан на 26 мај, ќе се бара од фудбалерите па макар и на пријателска средба да се победи Португалија.
Но за воља на вистината, знаејќи на кои ниски гранки е македонскиот фудбал,(неодмна Првата лига беше сместена на 74 место, а репрезентацијата засега “вози“101) единствената непозната е дали и кој ќе го смени репрезентативниот дрес со оној на Роналдо.
Дали ќе се разгори битка во средината на теренот, или пак некој од голгетерите ќе поентира, или пак нашите одбранбени фудбалери уште за време на мечот ќе си договорат размена? Дополнителен проблем може да биде доколку најплатениот фудбалер на светот биде претходно изваден од игра, па ќе треба во тунелот, или во соблекувалните да се бара португалецот.
Но, Португалија не е само Роналдо, туку се на пример Меирлеш, Карваљо, Пепе, Нани . . .
На еден од незаборавните мечеви на фудбалската репрезентација на Македонија, оној на “Стадионот на Светлата“ во Саутемптон против Англија кој заврши 2-2, како што не информираше еден од актерите на тој исторски меч, тогашниот селектор Никола Илиевски – Џиџи , им забранил на репрезентативците да трчаат по англиските фудбалери и да бараат дресови за размена. По последниот свиреж на главнио судија не верувам дека репрезентативците на “Гордиот Албион“ предводени од Дејвид Бекам, знаеа каде им е главата и што им се случи во мечот со малата Македонија, која верувале или не им даде гол до корнер.Да, да од корнер.
Кошаркарите на Охрид утре во рамките на 18-то коло од Втората кошаркарска лига победничка серија ќе бараат на гостински терен во Скопје, против екипата на Работнички 2018 Натпреварот се игра со поч...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 21-то коло од Втората македонска фудбалска лига утре ја пречекуваат екипата на Победа Прилеп Натпреварот се игра на стадионот „Билјанини Извори“ со почеток во 14 ча...
Денес се одигра третото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати: Моментална табела после трето...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.