-Во конкуренција се три имиња, а кој ќе го отвори годинашново „Охридско лето“ ќе знаеме можеби уште утре. Во тек се интензивни подготовки и во моментов не би сакал да откријам детали за да не дојде до недоразбирање, изјави директорот на фестивалот Охридско Лето, Тони Симоноски, кој денеска учествуваше на трибината за значењето на културното наследство што во организација на ВМРО ДПМНЕ се одржа во Охрид.
Симоноски открива дека на отворањето на 48-то Охридско лето, фестивалската публика ќе има можност да види музички спектакл, најавувјќи бројни познати имиња од театарот и музиката. Од позвучните имиња се споменуват Натали Гудман, виолинистката Сара Ченг, Ана Контраденко и Борис Трајанов.
За нивниот настап годинава се подготвуваат нови сцени кај Центарот за култура и Горица, а во тек е реконструкција на сцената Долни Сарај.
ohridnews