Заврши преодниот рок за домашните кошаркари, а екипите до вчера требаше да ги достават списоците со своите состави со кои ќе настапуваат во вториот дел од сезоната.

Бранителот на двојната круна Фени Индустри го загуби дуото Чековски и Соколов , но и покрај намалувањето на годишниот буџет успеаа да ги задржат американците Доналд Кол и Талик Браун.

Фершпед Работнички во финишот на сезоната се засили со Димитровски, а плејмејкерската позција ја пополнаа со српскиот интернационалец Ненад Ѓориќ.

МЗТ Скопје во последен момент го ангажираше слободниот Дарко Соколов,а претходно ги имаше договорено Едис Нури и Дејан Нешовски од Соколи. Си замина Ангел Тасевски-Шеле, кој го засили Торус на плејмејкерската позиција.

Свислајон Пелистер направи коренити промени. Димитар Петрушев замина во Вардар, а клубот го напуштија Гојниќ и Разиќ. Милановски и Стефановски, најверојатно, ќе останат во Битола, па клубот ќе има време да пазари играчи од странство.

Овче Поле, Вардар и Карпош Соколи екипи кое ќе се борат за последното место кое води во Супер лигата со истите состави од првиот дел ќе се обидат да стигнат до посакуваната цел.

Ohridnews