Вардар сезонава фуриозно стигна до петтата титула во јубилејниот 20-ти шампионат на Македонија. “Црвени црните“ забележаа 22 победи, десет пати ремизираа и претрпеа еден пораз.
Вицешампионската позиција им припадна на фудбалерите на Металург, место кое води во Лигата на Европа. Минатогодишниот првак, Шкендија како третопласиран исто така ќе ја претставува Македонија во Лигата на Европа. Освојувачот на Купот на Македонија, Ренова ја комплетира тројката која ќе “излезе“ во Лигата на Европа.
Од елитното друштво се простија 11 Октомври и Охрид, за кои прволигашката епизода траеше една сезона. Во баражот патуваат Хоризонт Турново и Тетекс.
Нови членови во првата македонска фудбалска лига се Пелистер и Дрита. Третопласираниот Скопје и Еуромилк преку баражот ќе бркаат пласман во елитата.