На 20 септември во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи  стручна расправа по Нацрт-Просторниот План за Охридско-Преспанскиот регион 2005-2020. година. Настанот според една верзија го организира локалната самоуправа, поточно градоначалникот, а според друга верзија Министерството за животна средна.

Имено на официјалната веб страна на општината стои информација дека градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески, свика стручна расправа по Нацрт-Просторниот План за Охридско-Преспанскиот регион 2005-2020. година.

На стручната расправа, како што се наведува подолу  во текстот, ќе биде презентиран Нацрт-Просторниот План за Охридско-Преспанскиот регион 2005.-2020. година и по истиот ќе се води дискусија, а во отварањето на стручната расправа се очекува да се обрати и претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Ваквата најава ги збуни надлежните во Министерството за животна средина и просторно планирање – МЖСПП , од каде во јавноста излегоа со појаснување дека стручната расправа ја организира министерството, а не локалната самоуправа.

Во дописот се наведува дека согласно законските определби,стручната расправа  по Нацрт-Просторниот План за Охридско-Преспанскиот регион 2005-2020. година ја организира
Министерството за животна средина и просторно планирање каде планот бил предаден и била извршена ревизија на истиот.

Според агендата на МЖСПП,предвидено е стручната расправа  да ја отвори Државниот секретар на Министерството,  Дејан Пановски, според кого „Нацртот на Просторниот План за Охридско – преспанскиот регион пртставува воедно и стратегија за просторно развивање на регионот кој содржи основни насоки за намената , користење , застита и управување на регионот посебно значајно за неговата туристичка валоризација“. Нацрт просторниот план за Охридско преспанскиот регион е финансиран од буџетски средства на Министерството за животна средина и просторно планирање а врз основа на усвоена Програма на Владата за 2007 година, вели Паноски.

Зошто локалната самоуправа се прикажува како организитор за министерството е нејасно.

ohridnews