Во соопштението кое вчера СДСМ го лиферува стои дека посетата на Петрески на Австралија била недозволива во услови кога градот се бори со водената стихија.
Доцна синоќа охридсикте социјалдемократи имаа состанок на извршниот одбор. Дел од нив, сметаат дека најголемата опозицискаа партија се лизнала на мразот кој им го подготви ВМРО ДПМНЕ и оти Петрески е само жртвено јагне во оваа политичка битка од која страдаат граѓаните на Охрид, кои се соочуваат со надојденото езеро. Велат посетата на Петрески беше планирана пред 3 месеци, зошто тогаш никој не го сопре да не тргнува на пат. Додаваат дека тој укажувал на опасноста која му се заканува на градот, но немал ингеренции да делува. Информациите одат до таму дека централното раководство на партијата одамна ги собирало негативните поени на Петрески и оти ова ќе го падне од високите позиции во партијата.
Се огласи и ВМРО ДПМНЕ според која социјалдемократите глумат загриженост.
“Ова е класичен пример за неодговорност. Тоа е неморално. ВМРО-ДПМНЕ бара, или г-динот Александар Петрески веднаш да се врати во Охрид или пак, по промашениот обид на Бранко Црвенковски да се покаже како авторитет над својот градоначалник Александар Петрески, му даваме втора шанса на СДСМ, да побара оставка од градоначалникот на Охрид.” – рече на прес конференцја охридскиот пратеник Владо Стефаноски.
Во општината молк. Никој не се чувствува повикан да зборува во отсуство на градоначалникот. Оттаму само кажуваат дека Петрески бил срдечно примен од македонската бизнис заедница, иако само два дена пред неговото поаѓање здружението на обединети македонци ЗОМ- го прогласи Петрески за персона нон грата. Во амбасадата во Камебара го игнорираат бидејќи во фотелјата седи кадар на ВРМО ДПМНЕ – велат од локалната самоуправа.
Во меѓувреме со медиумите манипулираат и одредени здруженија на граѓани. Откако вчера со часови ги одлагаа најавените активности пред општината се појави група од тројца тројца луѓе, координативното тело на загрижени граѓани од Охрид- како што самите се нарекуваат, и најавија дека денеска ќе протестирале на градскиот полигон. Ќе ја оценувале состојбата со покаченото Охридско Езеро и однесувањето на градоначалникот Петрески.