Да, ова е најчестото поставувано прашање по последното издание на најголемата спортска манифестација во Македонија. Маратонската трка во Охрид неможе да помине без притисоци, егоизам зачинет со лоша комуникација и катастрофални пропусти во техничкиот дел од организацијата.

На 27-то издание од Охридскиот пливачки маратон допатува кремот на маратонското пливање, а според нив ова бил најквалитетниот маратон до сега. Но, и тоа не беше доволно 27-то издание да биде спортски спектакл, кој ќе ги остави сите без здив. Напротив жителите како и туристите во Охрид не беа соодветно информирани за овој настан, кој треба да биде шлаг на сезоната во градот, а не место каде се полнат нечии суети и се продаваат големи вредности.

Маратонот, кој некогаш, беше спортски настан број еден во Македонија беше проследен од помалку од 2000 гледачи. Пливачката федерација на Македонија која сама го организираше 27-от маратон во Охрид покажа дека неможе да се носи со реномето на истиот. До половина од трката не се знаеше каде ќе биде целта, а таму хорор. Место „победничка порта“, скали направени од дрво, на кои лесно можеше да се случи маратонецот кој претходно испливал 30 километри без никаков проблем да заработи некоја повреда.

Главен покровител на Охридскиот пливачки маратон е Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој место да помине низ црвен тепих, тој за влез во почесниот дел на мала врата наведнувајќи се низ заградениот дел. Taканаречаната ВИП ложа беше приказна за себе. Десeтина столчиња наредени во линија која трабеше да биде свечена ложа, ама требаше.

Организираторот, Пливачката федерација на Македонија најмногу алудираше на безбедноста на пливачите, a сепак од финишот на трката до местото каде се извршуваа лекарски прегледи имаше педесетина метри, таму пак „летните лежалки“ ги заменија медицинските кревети. Попатно маратонците кои се светост во секоја земја можеа да си набават-освежат со сладолед или да се подноват со некоја симпатична резба од градот Охрид.

Кога ќе се собере се на едно место, неизбежна е констатaцијата дека сериозно е разнишано реномето на Охридскиот пливачки маратон. За повторно враќање на сјајот сите треба да ги засукаме ракавите, градот Охрид, Пливачката федереција на Македонија и да и го вратиме сјајот на најголемата спортска манифестација во Македонија.

Михаил Постоловски