Загрижува тоа што Охрид денес нема ниту Шинтерска служба, ниту азил за згрижување животни, ниту обучен персонал за оваа проблематика, што во развиениот свет одамна е пракса. Таму дури постои и посебна полиција за животни, која води грижа како за домашните миленици и односот на нивните сопственици кон нив, така и за кучињата и мачки скитници, но и за проблеми со разни диви животни кои некогаш знаат да залутаат во градските средини. Како сето ова функционира надлежните можат да погледнат на „Animal Planet“ каналот кој го вратат речиси сите кабелски оператори. Некој ќе рече, па кај нас за луѓето не се води сметка кои се дават во сиромаштија, уште за животните да се грижиме. Но дали ние воопшто се грижиме за нешто одговорно?
Кој ги труе охридските кучиња
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com