Противникот на АМАК СП Златорог Лашко е еден од најреномираните словенечки клубови  формиран во  1969 година.Во 1994 година клубот е преименуван во Пивоварна Лашко.  Пивоварна дебитира во Првата лига на Словенија во 1996 година, и во првата сезона го освојува 3. место.

Пивоварна го освојува 2. место во Словенија во 1999, 2000 и 2004 година, кога и го освојува Купот на Словенија. Меѓу другите поголеми успеси на Златорог се полуфиналето во Купот “Кораќ“ во 2002, кога игра и полуфинале во НЛБ лигата, како и двата триумфа во Суперкупот на Словенија, во 2004 и 2005 година.

Од 2007 година клубот повторно се вика Златорог.Минатата сезона Златорог го освои 5. место во регуларниот дел на словенечкото првенство, во четвртфиналето го елиминираше Геоплин Слован, но во полуфиналето наиде на Унион Олимпија и загуби. Нов тренер на Златорог е Алеш Пипан.

 – Добро поминавме на ждребката, која ни дава можност да се пласираме во групата. Македонците се тотални непознаница за нас, ке почекаме уште некоја недела да го комплетираме нашиот тим кој би бил конкурентен . Нашата цел е да влеземе во вториот круг, каде сигурно би не чекал потежок противник вели Алес Пипан , тренерот на Златорог Лашко на официјалната страна на клубот.

Ohridnews