Најпознато име им е тренерот Пипан кој е словенечки селектор. Странци им се Анте Машиќ кој е босански Хрват, Србинот Урош Лучиќ, Мигел Али Бердил од Порторико. Двојно државјанство имаат Един Алиспахиќ и Милош Миљковиќ. Крилниот центар Алиспахиќ не дојде во Охрид, а бекот Бердил дојде, но повреден е и мали се шансите да игра.
Неизвесен е неговиот настап – Мигел Али Бердил
Најголемите успеси клубот ги имаше од 1998 до 2002 кога во Европа редовно играше двоцифрен број мечеви. Тие никогаш не станаа прваци на Словенија (трипати финалисти на плејофот), а во 2004 го освоија купот. Во 2000 година играа и во Евролигата на УЛЕБ. Имаат и фајналфор во јадранската лига и полуфинале на Купот „Радивое Кораќ“.
Клубот се викаше Лашко (1969-1972), па Златорог (1972-1994), а се прослави како Пивоварна Лашко (1994-2006). Од преклани го врати името Златорог.
селекторот Алеш Пипан најголема звезда на тимот
Судии на вечерашниот меч ќе бидат Христодулу (Грција), Јурас (Србија) и Винаси (Романија). Реваншот се игра за една недела во салата „Три лилије“ во Лашко. Поуспешниот од двобојот оди во второто квалификациско коло на пресметки со холандскиот Ајфел Тауерс или унгарскиот Корменд.