дисциплина: троскок
личен рекорд и национален рекорд: 15,46 метри (22 јуни 2008, Банска Бистрица)
датум на раѓање: 08/04/1986
клуб: АК Охрид од Охрид
тренер: проф. Влатко Димитров

Охриѓанецот Реџеп Селман за прв пат почнал да се занимава со атлетика во 2000 година, кога учествувал на општински натпревар во дисциплината скок во височина каде што го освоил првото место. Тогаш неговиот талент го забележува проф. Влатко Димитров и од 2001 година е член на АК Охрид, и истата година станува рекордер на Македонија за пионери со прескокнати 195 сантиметри.

Во 2003 година Селман  поставува два рекорди, во скок во височина прескокнува 210 сантиметри со што покрај младинскиот рекорд го соборува и сениорскиот рекорд кој е актуелен до ден денес, и во дисциплината трискок го соборува рекордот за јуниори до 17 години со прескокнати 14,47 метри. 


Во 2006 година како перспективен атлетичар во дисциплината скок во височина, Селман од ИААФ добива стипендија и заминува на 6 месечен прeстој во еден од најголемите атлетски тренинг кампови во Европа, Келн, каде што работи со врвни тренери од Германија. Но бидејќи немаше забележителни резултати, Селман се реши да ја промени дисциплината од скок во височина се префрла на трискок, и од септември 2006 година повтроно престојува во тренинг кампот во Келн, но овој пат како стипендист на Македонскиот Олимписки Комитет, каде останува до август 2007 година. Бидејќи престојот во Германија не ги даде очекуваните резултати Селман се враќа во Македонија, каде што ги постигна најдобрите резултати со тренерот Влатко Димитров. Оваа година на 22 јуни на Европскиот Куп (2 лига, група Б) во Банска Бистрица со резултат од 15 метри и 46 сантиметри, Селман го собори мнакедонскиот рекорд кој беше стар 36 години.

Покрај во дисциплините троскок и скок во височина, Селман се натпреварува и во дисциплината скок во далечина и повремено зема учество и во трките на 100 метри.


Досега има настапувано на голем број меѓународни натпревари, јуниорски и сениорски. Во дисциплината скок во височина има настапено на следниве меѓународни натпревари: СП за јуниори во 2004 во Гросето (Италија), ЕП за јуниори во 2005 во Каунас (Литванија),  балканијади и други меѓународни натпревари. Во дисциплината троскок има настапено на следниве меѓународни натпревари: ЕП во сала во сениори во 2007 во Бирминген (Велика Британија), ЕП за сениори до 23 години во 2007 во Дебрецин (Унгарија), балканијади и други меѓународни натпревари.

На Олимписките игри во Пекинг Селман заминува со вајлд карта која ИААФ и ја додели на АФМ.

резултати во троскок во 2008
14,36 – Скопје, Квалификации за сениорски Куп / 18 мај
15,17 – Скопје, Финале на сениорски Куп / 31 мај
15,12 – Букурешт, Меѓународен атлетски митинг / 6 јуни
15,46 (македонски рекорд) – Банска Бистрица, Куп на Европа – 2 лига група Б / 22 јуни
15,38 – Касторија (Грција), Балканијада за сениори / 20 јули

Олимпијадата е предизвик за секого па и за мене. Знам дека во мојата дисциплина ќе бидам во долниот на рангирањето со оглед на квалитетите на другите, но со овие услови кои ги имаме во моментов мислам дека сум постигнал и повеќе од она што се може. Во Пекинг ќе бидам задоволен доколку повторно го соборам македонскиот рекорд, кој го соборив оваа година, а беше стар 32 години“, изјави Селман пред заминување во Пекинг.

ohridnews