Во првото коло на второто полугодие Охридските сини ќе истрчаат против Штипска Брегалница. Брегалница од Штип е еден од најстарите клубови во Македонија, формиран во далечната 1921 година. По минатата сезона кога се натпреваруваа во првата лига, оваа сезона штипјани се наоѓаат во опасната зона на 12 место со освоени 18 бода.

Во првиот дел од првенството по одиграни 16 кола имаат  четири победи шест нерешени средби и шест порази, со гол разлика 18 дадени и 20 примени гола.


Градскиот стадион на тимот под Исарот

Појака страна им е играњето пред домашна публика каде во девет кола ги забележале  единствените 4 победи :

 16 коло  Брегалница  Вардар Д 4-2
 10 коло  Брегалница  Тетекс 2-0
 7 коло   Брегалница  Локомотива 3-1 
 3 коло  Брегалница  Влазрими 2-1 

Покрај ремито со Охрид 2-2 , во Штип,  Брегалница ремизираше уште три пати:

14 коло   Брегалница  Металург 0-0
12 коло  Брегалница Беласица ГЦ 2-2
 5 коло  Брегалница Скопје 0-0

    
Единствената победа како гостин во Штип во осмото коло ја извојвуа Маџари (0-2).

Гостувањата се послаба страна на “фалангата“. Во седумте гостувања во првиот дел претпреа пет порази:

 17 коло  Караорман Брегалница  1-0 
 15 коло  Миравци Брегалница 1-0
 6 коло  Нов Милениум Брегалница 3-0
 4 коло  Турново Брегалница 2-1 
 2 коло  Дрита Брегалница 2-1

Немаат победа на гостувањата, а непоразени се вратија од гостувањата во Скопје :

13 коло  Слога Ј Брегалница  1-1
9 коло  Алумина Брегалница  0-0

На трипати триумфирале со два гола разлика, додека најубедлив пораз им е онај од Нов Миленим со 3-0.

Главен судија на мечот е Илиевски Зоранчо. Асистенти: Лозановски Злате и  Клочовски Васко.
4 судија е  Блажевски Тоде сите од  Битола.

Натпреварот Охрид – Брегалница се игра во 14 часот во Прилеп.