Александар Џикиќ е стратег со НБА искуство и тоа како асистент во тимот на Минесота Тимбервулфс. Тој е само втор тренер-асистент во НБА лигата што доаѓа надвор од границте на Америка.

Пред одисејата во најсилната американска лига Џикиќ беше помошник тренер во Партизан на прочуениот тренер Душко Вујошевиќ и заедно стигнаа до четири титули во низа.

По доаѓањето во Европа, српскиот тренер ја презеде словенската Унион Олимпија, но неговата епизода кратко траеше по лошите резултатите беше отпуштен.

Од тука се пресели во лутиот ривал на Олимпија, Крка и во првата сезона станува шампион во Словенија. Сезона потоа Џикиќ ја одведува Крка во разигрувањето од АБА лигата каде што губи од Олимпија во 1/2 финалето, но десет дена потоа во финалето од ФИБА Еврочеленџ Купот го совладува Локомотив Кјубан.

Одличните резултатите на клупата од Крка се показател на Литвос Ритас да го ангажира, но таму поминува една сезона и пак се ваќа во тимот, кој што му лежи на срце, Крка.

Селекторското искуство не е добра страна Џикиќ бидејќи во два наврати ја водел младинската селекција на Србија на Европски првенства, а Македонија ќе биде прв сениорски предизвик за него како селектор, се надеваме среќен.

Мх.П.