Охриѓанецот Кире Маркоски или поранешниот фудбалер на Охрид 2004, Александар Далчески еден од двајца фудбалери ќе се закитат со трофејот во Купот на Македонија.
Во финалето од Купот ќе се сретнат Работнички и Металург екипи за кои настапуваат Маркоски односно Далчески.
Сезонава „романтичарите“ се враќаат во препознатлиот ритам, а „зелените“ неколку сезони се стандардно во горниот дел од табелата.
Место на тронот има само за еден, а дали ќе биде Маркоски или Далчески останува да бидиме на теренот од „Филип Втори“ каде се игра финалето.
Мх.П.