Шпанската ТВ станица “Kанал +“ го откри разговорот помеѓу Роналдо и Алонсо во кој поранешниот играч на Ливерпул побара да ја изведе најстрогата казна.

“Крис, дај јас да го изведам пеналот.” – вели Алонсо. Откако Роналдо не дава никаков одговор, Шпанецот продолжува: “Јас сеуште немам постигнато погодок. Дозволи ми да постигнам гол. Дозволи ми.”

На ова Роналдо одговара: “Следниот пат, ти ветувам следниот пат.”

Алонсо потоа додава. “Не. Дај да го изведам овој пенал. Ајде дај ми ја топката.” – по што играчот од средниот ред ја зема топката и се подготви да ја изведе најстрогата казна а Роналдо разочаран се повлече.

Додека двајцата играчи дебатираа кој да го изведе пеналот, фановите на Барнабе го скандираа името на Руал, барајќи капитенот да го изведе ударот од 11 метри.