На оваа пригода, свечено ќе се одбележи и завршувањето на урбаното уредување на Пештани каде, покрај секундарната канализација што ја изгради Локалната самоуправа, е извршено и партерно уредување со бекатон плочки на центарот на населбата, околу црквата „Св.Врачи“ со четири околни краци, плоштадот, тротоарите, улични ивичњаци и осветлување со големи и мали канделабри вдолж главната улица и улиците во населбата.
За реализација на овие активности во Пештани, Локалната самоуправа од буџетот има издвоено над 32 милиони денари. Пештани на изградбата на колекрот чекаше две децении.