Роковите предвидени со политичкиот договор во Пржино за избор на специјален јавен обвинител и нов состав на Државната изборна комисија течат, а премиерот Никола Груевски е оптимист дека партиите можат да се договорат и за двете прашања од кои зависи понатамошниот тек на разрешувањето на кризата во земјата.
-Мислам дека ако и другата страна е констриуктивна како што ние сме конструктивни во овој процес и ако се има добра волја и од другата страна ќе се завршат работите на време.-изјави премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Николa Груевски, по завршувањето на посетата на технолошко индустриската развојна зона Струга Охрид.
На новинарско прашање Груевски кажа кои се црвените линии на ВМРО ДПМНЕ.
–Нашите црвени линии се Уставот, законите и волјата на граѓаните.-рече Груевски.
Премиерот Груевски во придружба на градоначалникот на Охрид денеска изврши увид на градежните работи за изградба на технолошко индустриската развојна зона Струга Охрид.
-Владата во локацијата инвестира 6 милиони евра за инфраструктура за да можат да дојдат компании кои ќе инвестираат и ќе отворат нови работни места. Информиран сум дека градежните работи течат според планот, без доцнења и ќе завршат на време.- рече Груевски.
Тој најави дека ОДВ електрик во втората половина на овој месец ќе започне со изградба на своја фабрика, каде ќе има 1000 директни вработувања. Паралелно на овој проце веќе следната недела најавени се дека ќе додат претставници на фабриката за автомобилски делови „Костал“, која на почетокот на следната година ќе отпочне со изградба на фабрика во технолошката зона на површина од 25.000 метри квадратни, каде ќе се вработат уште 1000 лица, истакна Груевски.
Премиерот најави дека во зоната ќе има простор и за други фабрики, а кога ќе се исцрпат можностите на зоната истата ќе се прошири или ќе се гради нова.
OhridNews