Престојувајте на отворено

Ако останувате во затворен простор, на топло и во друштво на голем број луѓе, ризикот од настинки и грип значително се зголемува. Дружењата во затворен простор ве изложуваат на непрекинат контакт со други луѓе и нивните бактерии и вируси.Освен тоа што на чист воздух ќе направите пауза од сите тие бактерии и вируси кои циркулираат во затворен простор, ќе го зајакнете и имунитетот. Активностите на отворено делуваат како природен уништувач на бактериите и вирусите.

Опуштете се

Има безброј причини поради кои опуштањето би требало да стане секојдневен ритуал, но и приоритет. Кога сте под стрес, имунолошкиот систем слабее и не може да го брани телото. На тој начин се зголемува ризикот од грип и настинки. Хроничниот стрес ќе предизвика хронично високо ниво на хормоните за стрес во телото.Сето ова значително влијае на зголемување на имунитетот. Исто така помалку ќе се грижите за себе ако сте под хроничен стрес. Премалку ќе спиете, нема да јадете урамнотежено и премалку ќе се движите. Сето ова се клучните елементи на јакиот имунитет.

Рацете треба секогаш да бидат чисти

Настинките и грипот лесно се пренесуваат по пат на само еден допир. Немојте да ги допирате очите, устата и носот пред да ги измиете рацете. Важно е да ги измиете рацете како што треба. Водата и сапунот се ваши најдобри пријатели кога се во прашање чистите раце, но марамчињата за дезинфекција или дезинфекциона течност добро ќе ви дојдат ако не сте во можност да ги измиете рацете на класичен начин. Бактериите и вирусите се наоѓаат и на сапуните. Редовно чистете го мијалникот и измијте го сапунот по користењето. Уште подобро би било ако користите течен сапун. Рацете добро истријте ги барем 20 секунди. Важно е убаво да ги исушите, но не со облеката која ја носите бидејќи е полна со бактерии и вируси. Водените раце подобро пренесуваат бактерии и вируси од сувите.

Наспијте се

Повремена непроспиена ноќ нема да го наруши вашето здравје, и не треба да се грижите околу тоа. Но, хроничната ненаспиеност го слабее имунолошкиот систем. Иако препорачаната количина на сон е исклучиво индивидуална, експертите не препорачуваат да спиете помалку од 7 часа дневно. Сонот треба да биде квалитетен, целосен и без будење на среде ноќ. Голем број на луѓе не знаат да ги смират своите мисли кога одат во кревет. За жал, решавањето на проблемите во своите мисли негативно влијае на сонот. За тоа најдобар рецепт е вежбање 2 часа пред спиење, бидејќи температурата на телото ќе почне да паѓа во моментот кога тоа најмногу ви треба и телото по природен пат ќе се припреми за спиење.

извор:www.zenstvena.com