Истражувањето на Универзитетот во Висконсин во кое е направена листа со 200 најинтересни професии, додека нивото на стрес го мереле по основа на физичките побарувања за работата, потенцијалната смртност, патувањата и профитабилноста.Резултатите покажуваат дека професионалните војници, директорите на компаниите за односи со јавноста, пилотите и новинарите имаат најстресна работа, додека со најмалку стрес се соочуваат универзитетските професори, библиотекарите и фризерите, пренесува „Макфакс“.
Професионалните војници и генералите имаат најстресна професија бидејќи освен што нивната работа е физичка и психички напорна, тие се одговорни и за војниците. Најстресна цивилна работа имаат пожарникарите кои секојдневно се изложени на опасности, а многумина од нив завршуваат трагично.
Меѓу останатите најстресни професии се работењето како пилот, фоторепортер, новинар, возач, полицаец и извршен дирктор.
„За помалку стресни професии се карактеристични позитивните повратни информации што се добиваат од клиентите, а воедно тие луѓе се и посреќни. Така, универзитетскиот професор е крал на своето кралство со најмногу овластувања во предавалната и со право да им кажува на студентите што треба да прават“, вели експертот Тони Ли.
За најмалку стресни професии се смета работењето како златар, службеник, лабораториски техничар и нутриционист.
OhridNews