Познато е дека некои работи Ве прават да јадете повеќе, а најголемите виновници се:

1.Време во денот


“Нашите тела се навикнати и очекуваат доручек, ручек и вечера во истите часови секој ден” истакнува Ренди Силеј, професор по психијатрија на Универзитетот во Синсинати. “Причината поради која сте гладни на пладне е фактот што во тоа време сте јаделе изминатите 100 дена”

2.Гледањето храна


Истражувачите користејќи MRI скенер откриле дека мозочните сигнали кога гледаме храна која ја сакаме и која не ја сакаме се многу различни. “Кога гледате храна која ја сакате вашето тело се припрема да ја внесе истата, а вашиот апетит значително се зголемува”

3.Разновидност


Дури и по комзумирањето на голем оброк луѓето често “прават простор” за десерт бидејќи нивната желба за благо не е задоволена. Експертите советуваат дека овој проблем може да се избегне со конзумирање на мала количина овошје во текот на оброкот.

4.Мирис


Мирисот е еден од главните начини кои нашето тело ги користи да се “припреми” за внесување храна, а тоа значи дека мирисот на храна не прави да се чувствуваме гладни.

5.Алкохол


Иако не е научно докажано дека алкохолот го стимулира апетитот, со сигурност ја попречува нашата способност за расудување, па така голем број од луѓето кои се на диета изјавиле дека најтешкиот момент да седат подалеку од храната е кога пијат алкохол.