Навиките за чистењето на одредени намирници се разликуваат од земја до земја, но некои делови едноставно ги фрламе на размислувајќи за нивната вредност. Овошјето и зеленчукот ги чистиме онака како што не научиле нашите мајки и баби, но во овој случај се виновни за некои намирници кои своите најдобри својства ги имаат токму во кората, листот или стеблото кои инаку ги фрламе.

Така кората на лукот и кромидот е исклучително богата со кварцетин, растителен флавоноид со исклучително силно противвоспалително, антихистаминско и антиоксидативно делување, така што задолжително додадете ја во варивата или супите, па извадете ја пред сервирање.

 

Брокулата е една од најздравите билки, но ја јадеме потполно погрешно. Лисјата се преполни со каротеноид, растителни пигменти кои телото ги претвара во витамин А и превенира рак, а стеблата се вкусни и полни со влакна. Бидејќи се поцрврсти од остатокот од брокулата, треба први да ги ставиме да се готват.

Лисјата од целерот имаат магнезиум и калциум дури пет пати повеќе од стеблото, а покрај тоа богати се со витамин Ц и фенолицим, антиоксиданси кои помагаат против стареењето и срцевите болести, а и некои облици на рак. Задолжително да се користат во сосови, салати и супи.

Кората од лубеницата, кивите и портокалот е побогата од внатрешноста на плодот со разни состојки кои се исклучително здрави – во кората на лубеницата има цитрулин, аминокиселина која ја поттикнува циркулацијата, во кората на портокалот има повеќе витамин Ц отколку во пулпата, како и кората од кивите која е преполна со антиоксиданси.

Што да се каже освен – набавете домашни, непрскани производи и нека се заврши во блендер.

 

извор:metro-portal.hr