Летото и неговите енергични бои се во историјата, време е за нова колекција, а ако имате среќа, ќе можете да извадите од ормарот и некои постари парчиња облека.

Есента пристигна, а со неа и боите кои треба да ги имате на себе за да бидете во тренд. За среќа, се работи за безвременски бои кои лесно ќе ги пронајдете ако малку подлабоко погледнете во својот ормар, или да ги набавите по пристапни цени во продавниците.

За почеток, тука е беж бојата која одлично ќе изгледа на лесни кошули, но ако сте од оние кои претежно носат црна боја, одлично ќе ви дојде јакна со таа боја.

Светло сивата е класика, со црна или бела, а бидејќи е посветла од останатите есенски нијанси одлично ќе се совпадне со секоја комбинација која сакате да ја облечете.

Оваа есен во тренд се две сиви, а со светло сивата тука е и бојата на јаглен, речиси црна нијанса од сивата која дава допир на софистицираност и луксуз, особено на кашмир и кадифени палта. Секако, искомбинирајте и моливче за очи во таа боја и ќе бидете во тренд.

Морнарско сината е достоинствена и зрела боја која ќе ги урамнотежи и најлудите комбинации кои може да ги замислите, а најдобро оди со посветли бои.

Најпосле, тука е и маслинесто зелената која ќе го подигне тенот кој веќе го загубил летниот сјај, а ако изберете сако или здолниште со оваа боја, ќе бидете мирни следното десетлетие.

извор:metro-portal.hr

Кои бои се носат оваа есен?

Летото и неговите енергични бои се во историјата, време е за нова колекција, а ако имате среќа, ќе можете да извадите од ормарот и некои постари парчиња облека.

Есента пристигна, а со неа и боите кои треба да ги имате на себе за да бидете во тренд. За среќа, се работи за безвременски бои кои лесно ќе ги пронајдете ако малку подлабоко погледнете во својот ормар, или да ги набавите по пристапни цени во продавниците.

За почеток, тука е беж бојата која одлично ќе изгледа на лесни кошули, но а кои сте од оние кои претежно носат црна боја, одлично ќе ви дојде јакна со таа боја.

Светло сивата е класика, со црна ии бела, а бидејќи е посветла од останатите есенски нијанси одлично ќе се совпадне со секоја комбинација која сакате да ја облечете.