Дали знаете дека погрешниот избор на боја на облеката може значително да влијае на вашиот изглед? Затоа е важно кога купувате нова облека да знаете кои бои највеќе ви одговараат за да изгледате неодоливо и така да бидете задоволни со својот изглед. Ако ја погодите вистинската боја вашата кожа ќе го добие посакуваниот сјај, а ќе успеете на природен начин да ја истакнете убавината на својот изглед. Не е доволно само да се нашминкате, важно е да се вклопат и сите други фактори за да изгледате совршено.
Ако изберете погрешна боја на облеката може да се случи да не се чувствувате добро во она што сте го облекле. Погрешната боја може да ви ги истакне подочниците, а забите да ви изгледаат како да се жолти. Со вистинскиот избор на боја, вашата кожа и коса ќе изгледаат сјајни, а очите ќе бидат убаво истакнати.
За да знаете кои бои ви одговараат, би било добро најпрво да ги поделите на топли и ладни тонови и така да направите селекција. Еден од начините кој може да ви помогне да одредите кои бои најдобро ви одговараат е тестот со хартија.
Се работи за интересен експеримент кој ќе го направите така што на дневна светлина ќе ја ставите раката над хартија. Раката треба да е свртена така што ќе ја гледате внатрешнатастрана на дланката. Вака ќе проверите дали вашата кожа влече на жолтеникави или топли тонови, и ладни или розеви тонови.
Ако кожата влече кон розеви тонови, за вас се богатите и енергични бои, и нијанси на темно црвена, морнарско сина, виолетови и пастелни бои во ладни тонови. Би требало да ги избегнувате земјените тонови.
За сите оние кои забележале дека кожата им влече на топли тонови, за нив се благи, неутрални бои, сино-сива, бојата на лаванда и нежно-сината, а би требало да ги избегнуваат интензивните бои, црната и портокаловата.
Дознајте која боја најдобро ви одговара и тргнете во шопинг со сигурност дека ќе го купите само најдоброто, бидејќи сега знаете кои бои треба да ги избегнувате, а кои да ги изберете.