Модата диктира трендови во облекувањето, но освен некои исклучоци, мажите како да не знаат што всушност се случува. Тоа можеме да го заклучиме по омилените бои на облека кои сакаат да ги видат на своите сакани.
Од друга страна, можеме да речеме дека избираат вечни бои кои секогаш може да се прогласат за модерни, па всушност не е тешко да им се задоволи вкусот, бидејќи секоја жена во ормарот сигурно има парчиња облека со овие бои.
Црната е убедливо на прво место, бидејќи на мажите им делува софистицирано, мистично и заводливо. Без оглед дали се работи за црни тесни панталони, кратки здолништа или јакна, црната секогаш ќе ги заинтригира мажите.
Црвената е втора, а дека мажите сакаат страсни жени, тоа е веќе општо познат факт. Жените во црвено за нив се на прво место женствени, самоуверени и горди, но сепак треба да се внимава да не се претера. Понекогаш е доволен само црвен детаљ, за да се постигне саканиот ефект.
Белата боја на чистина и елеганција, исто така ги привлекува мажите, особено кога се работи за бели маици, додека останатите парчиња облека во таа боја не се претерано важни.
За крај, беж-уште една од неутралните бои која на мажите им е исклучително привлечна, бидејќи така изгледате нежно и безвременски. Се разбира, и неа треба да ја комбинирате, бидејќи ако се облечете од глава до пети во таа боја, тешко дека ќе ве забележат.
извор:metro-portal.hr