Мурињо доаѓа на покана на хрватскиот фудбалски сојуз, и ќе може во живо да го проследи настапот на фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ.
Но, Мурињо ќе се сретне и својот поранешен фудбалер од деновите на Интер, капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев.
Ако Модриќ има мотиви до небо за докажување пред својот ментор, истите ќе ги има сигурно и Пандев, за кого “специјалниот“ е најголемиот виновник за “фудбалското воскреснување“ на македонската десетка.
Пандев од избркан играч од Лацио, за само шест месеци минати во Интер, го освои купот на Италија, Италијанската Серија А и Лигата на Шампиони.
Модриќ или Пандев, Хрватска или Македонија. Мечот стартува в петок од 20.15 на стадионот на Максимир.