Дали можеби сте размислувале за тоа да ја промените вашата фризура? Веќе полека ви здодеала сегашната, а капката која ја прелила чашата била кога вашите блиски веќе почнале да ви зборуваат дека е време за промена. Кои се тие знаци по кои ќе знаете дека е време за нова фризура?

Вашата фризура станала константна, но не и начинот на кој се облекувате. Сте забележале дека веќе некое време не носите панталони, туку сега носите сукњи и туники. Тоа е вистинскиот момент, а воедно и показател да ја промените фризурата. Стилот е поинаков, а сега време е и за косата.

 

Сакате да ставате прамени? Сте се одлучиле наместо бојадисување на целата коса, да направите прамени со кои вашиот изглед ќе биде поинаков. Но, тоа било одамна и сега кога ќе се видите на огледалото забележувате дека имате многу прамени, а вашата природна боја на косата веќе и не се гледа. Тоа е знак дека мора нешто да направите, бидејќи сте на добар пат да започнете да ја бојадисувате косата. Дали ќе се откажете од прамените, ќе ја бојадисате цела коса, или нешто сосема друго? Обидете се да издржите три месеци и не ставајте прамени, а новата коса можете да ја сокриете со боја за коса.

Колку време поминало откако некој ја пофалил вашата фризура? Тоа било одамна и не можете, а да не се запрашате, кога последен пат сте направиле нешто ново. Овде не треба да се биде експерт за да се сфати дека дошол моментот нешто да направите и повторно да го свртите вниманието кон себе.

Сте се нашле на годишнина од матура и вашите пријатели од училишните клупи ве уверуваат дека воопшто не сте се промениле. Дали е тоа комплимент или нешто друго? Очигледно дека не сте направиле многу за својот изглед. Можеби е сега време да направите.