Ѓумбирот е светол корен со горчлив вкус кој содржи низа хранливи состојки. Често се конзумира како чај, во кој може да се додаде мед или лимон, а сето тоа за подобрување на вкусот. Предностите на чајот од ѓумбир се бројни и се користи за ублажување и лечење низа состојби, но треба да се земат во предвид и некои мерки на претпазливост.

Ја ублажува мачнината-Една од најпознатите предности на ѓумбирот е ублажување на мачнина. Само една шолја чај од ѓумбир може да спречи мачнини предизвикани од патување или утринска мачнина кај бремените жени. Ако често патите од мачнини предизвикани од патување, 1 до 2 часа пред пат напијте се шолја чај од ѓумбир.

Ја подобрува работата на системот за варење-Чајот од ѓумбир е ефикасен во подобрување на апсорбцијата на хранливите материи од храната. Исто така може да ја ублажи надуеноста и гасовите. Кај некои луѓе се покажало дека чајот од ѓумбир има позитивно влијание врз регулирањето на апетитот.

Намалување на воспаленијата-Противвоспалителните својства на чајот од ѓумбир се веќе многу добро познати. Токму поради тоа е совршен за ублажување на болки во зглобовите и мускулите. Ѓумбирот може да се нанесува и површински, што се покажало ефикасно кај луѓето кои патат од артритис.

Ги ублажува пречките на дишниот систем-ако патите од алергии, воспаленија на синусите, грип или настинка, чајот од ѓумбир може да помогне во ублажување на тегобите.

Ја подобрува циркулацијата-витамините, минералите и аминокиселините кои ги наоѓаме во чајот од ѓумбир може да ја подобрат циркулацијата во крвта и на тој начин да се намали ризикот од настанување на болести на кардиоваскуларниот систем.Ѓумбирот помага во превенција на таложење на масти во артериите и со самото тоа спречува настанување на срцев и мозочен удар.

Ги ублажува менструалните тегоби-Чајот од ѓумбир може да ги ублажи менструалните грчеви, а облогите од чај од ѓумбир можат да ги опуштат напнатите мускули од стомакот.

Го зајакнува имунолошкиот систем-Чајот од ѓумбир содржи антиоксиданти кои помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Некои истражувања покажале дека чајот од ѓумбир е корисен во превенција на различните видови на рак.

Го намалува нивото на стрес-Чајот од ѓумбир има смирувачки својства кои ќе помогнат во намалување на нивото на стрес и напнатост. Тоа е поради неговата специфична силна арома и лековити својства.

Ја зголемува плодноста-Некои истражувања покажале дека секојдневната консумација неа чај од ѓумбир може да помогне кај еректилната дисфункција и да го зголеми бројот на сперматозоиди.

Останати предности:
-Се бори против инфекции
-Го ублажува непријатниот здив
-Го забавува растот на канцерогените клетки
-Го намалува нивото на лошиот, а го подобрува нивото на добриот холестерол.
-Помага во детоксикацијата на црниот дроб

Како да направите чај од ѓумбир?
За чај од ѓумбир ќе ви треба свеж ѓумбир и филтрирана вода. Останатите состојки се опционални, но вкусот на чајот ќе биде подобар со малку мед и лимон. На две шолји вода оди 1 лажичка рендан ѓумбир.

Излупете го ѓумбирот и изрендајте го со помош на ренде. Оставете водата да зоврие, а во водата ставете ѓумбир и оставете да отстои 10 минути. Исцедете и испијте го. 

Нуспојави и мерки на претпазливост

Иако ѓумбирот има бројни позитивни својства, постои ризик од настанување на нуспојави. Токму поради тоа е важно да го пиете со претходно советување со нутриционист или доктор.

Пречки во системот за варење-иако чајот од ѓумбир ја подобрува работата на системот за варење, премногу чај може да предизвика мачнини, повраќање и дијареа. Премногу ѓумбир може да го намали нивото на шеќер во крвта, па на дијабетичарите им се препорачува да бидат особено внимателни.

Интеракција со анестетици-Некои анестетици може да дојдат во интеракција со ѓумбирот, да предизвикаат прекумерно крварење и да го забават зараснувањето на раните. Повеќето експерти препорачуваат да не косумирате чај од ѓумбир најмалце една недела пред операција.

Слаб сон-Чајот од ѓумбир може да му пречи на сонот, поради што се препорачува да го пиете во утринските или раните попладневни часови.

Некои групи луѓе треба да бидат особено внимателни кога консумираат чај од ѓумбир и за нив се советува да не го консумираат пред советување со доктор.

Луѓе со пореметување на крвниот систем-Чајот од ѓумбир може да го отежнува згрутчувањето на крвта кај луѓето кои патат од хемофилија или земаат лекови против згрутчување на крвта.

Луѓе кои патат од висок крвен притисок-Ѓумбирот дополнително го снижува крвниот притисок кај луѓето кои пијат таблети за регулација на крвниот притисок.

Трудници и доилки
Некои експерти не препорачуваат консумација на чај од ѓумбир за време на доењето, иако се препорачува на трудниците кои патат од утрински мачнини.

Препорачана дневна доза
Запаметете дека може да се претера со добрите работи! Најдобро е да се консултирате со вашиот доктор околу препорачаната дневна доза за Вас!

извор:zenstvena.com