Еден американски судија ќе мора да плати казна од 500 долари откако ги издишал гумите на еден автомобил кој бил непрописно паркиран на судскиот паркинг. Судијата Роберт Нели, кој 14 години работи во судот во Мериленд, признал дека минатиот август ги издишал гумите на автомобилот кој бил паркиран на резервирано место. Бил фатен на дело и сликан од полицајците со мобилен телефон.
Непрописно паркираниот автомобил бил сопственост на една чистачка која работела во судот. Адвокатот на судијата изјавил дека неговиот клиент не објаснил зошто го сторил тоа. Судијата покрај казната ќе мора и писмено да и се извини на чистачката.