Никогаш не е лесно да се соочиме со моментот кога сфаќаме дека летото е при крај. Првиот дожд, падот на температурите и јакната што наутро ја земаме се првите најави за крај на летото и почеток на есента.

Сепак сеуште не е време да ја приберете летната гардероба. Напротив, со неколку трикови ќе може да ја носите уште долго во есента, а и целиот преоден период ќе биде полесен со најдрагите летни парчиња облека. Златното правило на преодниот период е облека во слоеви, како на пролет кога ги раслекуваме слоевите, така на крајот на летото ги враќаме. Преку блузата без ракави облечете сако или јакна, маичка со кратки ракави и кратка јакна…Не претерувајте со слоевите, максимумот е три!

Земете си шал! Со себе секогаш имајте убава марама која ќе го поткрене стајлингот, но  и ќе ве затопли доколку задува ветер. Не се откажувајте од најдрагите летни фустани во кои се чувствувате и изгледате убаво. За поладните денови при рака нека ви биде сако или јакна кои ќе ги облечете врз фустанот.

Развлечете ја сезоната на голи нозе и сандали колку подолго можете. Немојте сеуште да облекувате чорапи и затворени чевли ако вашите стапала ги поднесуваат надворешните температури.

При рака имајте гумени чизми, за случај дождот да изненади, па да ве спасат во таа ситуација.

извор:www.moda.hr