Сообраќајниот режим на улицата јане Сандански ќе биде вратен во првобитна состојба од како ќе заврши изградбата на вториот потпорен ѕид во рамки на објектот чија изградба е во тек.

Како што информира Зоран Шикалески од Фондот за комунален развој и патишта, од страна на градежниот инспекторат на изведувачот му е даден определен рок во кој треба да заврши поставувањето на потпорниот ѕид кон улицата.


Шикалески потенцира дека едната коловозна лента на Јане Сандански била затворена поради безбедносни причини, откако било утврдено пукање на тротоарот и издвојување за околу два сантиметри поради изведување на градежните работи. Ваквиот чекор бил превземен со цел да не дојде до несакани последици и дополнително оштетување на тротоарот или евентуално коловозот, поради движењето на тешки товарни возила и автобуси.

Такси постојката од овој дел на улицата Јане Сандански привремено е преместена пред гимназијата. 

OhridNews