Куќата на кошарка најави дека во четвртокот ќе соопшти кога и ќе стартува новата кошаркарска сезона во Македонија.

Сите решенија поврзани со почетокот на натпреварувањето екипите ќе ги добијат во четврток, – стои во соопштението од КФСМ.

Првичниот термин за почеток на кошаркарското првенство беше 3 октомври, потоа федерацијата го одложи стартот за една седмица, но и тогаш салите останаа празни поради пандемијата на коронавирус.

Пред два дена Асоцијацијата на македонски кошаркари побара почнување на сезоната, а вчера Здружението на прволигаши излезе со ултиматум за старт на сезоната, во спротивно побара оставка од раководните лица во федерацијата.

OhridNews