Кога е време да започнете да водите грижа за својата кожа? Не постои одреден момент кога би требало да водите поголема сметка за негата на кожата, оваа навика мора да ја усвоите што порано за секогаш да бидете задоволни со својот изглед. Што е со брчките?Кога е вистинското време за борба против брчите? Овде експертите биле согласни во едно, а тоа е дека со борбата против нив треба да започнете уште во раните дваесетти. Не е доволно да започнете со крем кога веќе ги имате првите брчки на лицето, тогаш би можело да биде доцна.
Дваесеттите години се одбележани како време кога е важна превенцијата, а триесеттите само се надоврзуваат на она што сте го започнале претходно. Иако дваесеттите се клуч во решавањето на вашите проблеми, тогаш не е потребно да користите креми кои жените ги користат кога брчките се веќе долго време присутни.
Важно е да набавите крем кој во себе содржи заштитен фактор 30 и повеќе. Потребно е кога купувате да обрнете внимание на хидратантните креми, а нив може да ги користите во текот на целата година, а не само во лето.
Освен нив, не треба да заборавите на хранливиот крем за ноќна употреба, кој во себе ги има сите потребни состојки кои се борат против појавата на брчките. Превенцијата е неопходна ако не сакате предвреме да имате проблем со брчките.
Кожата во дваесеттите е многу поеластична и затоа не и се потребни производи кои жените ги користат кога одамна поминале триесеттите. Без оглед на тоа ако секогаш сакате да имате убава и младолика кожа, мора да се погрижите вашата кожа секогаш да има доволно влага и заштитен слој,кој ќе ја заштити од неповолните влијанија на сончевите зраци.
Од друга страна постојат мислења на други експерти кои се согласуваат дека и покрај годините би било добро да се користат креми кои во себе содржат ретинол, а кој е клучен во борбата против брчките.
Иако е корисен, ретинолот не се препорачува на бремените жени и доилките бидејќи може да доведе до иритација на кожата и нејзино сушење и тоа особено во почетокот на користењето. Направете го најдоброто за себе и сопствената кожа.
извор:savjetnica.com