Кога 1426 милијардери на светот би го поделиле своето вкупно богатство од 5,4 илјади милијарди долари со светската популација, секој жител на планетата би добил по нешто повеќе од 768 долари. Овој интересен податок го пресметало списанието Форбс, кое по повод 27 години од постоењето направило инфографика во која истражиле што милијардерите на светот би можеле да направат со своето богатство.

Исто така доколку светските милијардери меѓусебно би ги поделите парите така да сите имаат подеднакво, секој од нив би бил „тежок“ нешто повеќе од 3,8 милијарди долари. Форбс навел и дека доколку најбогатите би основале своја држава, би биле четврта најбогата земја веднаш зад Јапонија. Доколку не би можеле да се договорат, најбогатиот човек на светот Карлос Слим, чие богатство е проценето на 73 илјади милијарди долари, би можел да створи приватна држава со поголем бруто домашен производ од на пример Азербејџан.