Оскаровскиот „Кога јагнињата ќе стивнат“ од 1991 година, е најдобриот психолошки трилер во историјата на филмот, според порталот „Ранкер“.

По морничавиот хорор-трилер со оскаровците Џоди Фостер и Ентони Хопкинс во главните улоги, следат „Седум“ (1995 година, со Бред Пит и Морган Фримен), како и „Сјаење“ (1980., со Џек Николсон).

Наредни на листата се: „Шесто сетило“ (1999), „Мизери“ (1990), „Островот Шатер“ (2010) и „Психо“ (1960).

Од осмо до 10. место се наоѓаат „Боречки клуб“ (1999), „Вообичаените осомничени“ (1995) и хорор-класиката „Истерувач на ѓаволот“ (1973).

OhridNews