Уморни сте наутро и немате време за кафе?

Ако наутро не стигнете да се напиете кафе, може ќе ви помогне новиот изум: сапун со кофеин кој ќе ве разбуди еднакво како и шолја кафе. Едно туширање со сапунот „Shower Shock“, во телото ќе внесете иста количина кофеин како да сте испиле 2 шолји со кафе, тврдат творците на сапунот. Сапунот „Shower Shock“ има пријатен мирис, а делува за 5 минути.

Маја Георгиоска