Научниците од американскиот универзитет во Бафало утврдиле дека кофеинот уште во пубертетот на момчињата и девојчињата не делува еднакво, дури и кога се работи за сосема мали количини.

Тие утврдиле дека и после консумацијата на помали количини на кофеин кај момчињата систоличкиот крвен притисок се зголемува повеќе отколку кај девојчињата, а пулсот почесто се забрзува кај машките деца отколку кај женските.

 

Научниците не знаат да објаснат поради што реакциите на консумирањето кофеин кај машкиот и женскиот пол се различни и дали таквата реакција е поврзана со хормоните. Учесниците во истражувањето добиле само два милиграми кофеин, што е капка во море во споредба со количината на енергетските пијалоци со кофеин кои ги консумираат децата.

Американската Агенција за храна и лекови (FDA) во 2013-тата година објавила дека ќе контролира колкава е количината на кофеин во пијалоците наменети за младите.

Но, досега тоа не е направено. FDA кофеинот во пијалоците го смета за нивна “состојка“, а не стимуланс, со оглед на тоа дека се добива од зрна кафе и листови од чајно дрво. Поради тоа, компаниите не мораат на декларацијата на храната и пијалоците да ја истакнуваат количината на кофеин која ја содржи храната или пијалокот. Енергетските пијалоци во продавниците се продаваат како прехрамбени производи,  поради што не подлежат на прописите на FDA за декларирање на составот на пијалоците.

Резултатите на истражувањето се објавени во стручното списание Pediatrics.

 

извор:tportal.hr