Овој невообичаен изум е дело на некој од жителите на старата зграда кај паркингот позади х. „Ривиера“. Кофата која има функција на корпа за ѓубре е закована на дрво. Веројатно тоа е направено поради кучињата скитници, мачки и други животни кои во потрга по храна го растураат ѓубрето наоколу. Или можеби не. Обидите да дознаеме нешто повеќе за изумот останаа неуспешни бидејќи и покрај нашата упорност не се сретнавме со изумителот или со некој негов сосед. Секоја идеја за подобрување на јавната хигиена, макар била чудна како оваа, е за поздравување. Но, како и кај конвенционалните “направи“ за одлагање отпад и оваа има сличен проблем. Повеќе отпадоци има покрај неа отколку во неа.