Во тек е постапката за изградба на втората заобиколница во Вевчани. Изградбата на овој пат ќе биде по принципот по која што се изгради првата заобиколница околу Вевчани информира градоначалникот на општината Спасе Кочовски.

По интензивните преговори и средби со претставници од Министерството за транспорт и врски, Владата на Република Македонија донесе Одлука за дополнување на Одлуката за категоризација на државните патишта со која што Вишни – Горна Белица – Вевчани станува регионален пат (врска со Р2240).

Делницата како што е наведено во документот доставен до Министерството, поминува низ зоната за одржлив развој на планот каде се дозволени линиски инфраструктурни градби.

Истата претставува важна врска со населбата Вевчани и поширокиот регион со излетничкото место Јанков Камен, туристичката и викенд населба Горна Белица, како и повисоките планински предели на Јабланица што е особено важно за развој на планинскиот и руралниот туризамна Општина Вевчани и пошироко, се потенцира.

Со оваа делница исто така ќе се растерети сообраќајниот режим и тесните грла со што ќе се зголеми и безбедност.

OhridNews