Со четири погодоци во два натпревари охриѓанецот Валентин Кочоски е централна фигура на Академија Пандев на интернационалниот турнир за младинци во Прага.
Три од четирите погодоци 18-годишниот реализираше на дуелот со премиерлигашот Свонси (3-3), а на мечот со Бохемијнс погоди за победа (1-0).
– Многу среќен за погодоци иако се уште не верувам дека успеав да направам такво нешто. Турнирот е многу силен и од натпревар во натпревар ќе бидат многу потешки предизвиците. На сите нас ни е криво што победата ни беше одземена во финишот од мечот кога судија им поклона пенал за реми на англичание. – рече Кочоски.
Неговите настапи не останаа не забележани од скаутите кој ги има во голем број на турнирот во Прага. Академијата Пандев натпреварите ќе ги продолжи во нокаут фазата, но неизвесна е само позицијата на табелата.
Мх.П.