„Рибарите“ ги засукаа ракавите и на почетокот од летниот преоден рок стартуваа со кроење на екипата за следната сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. Нови договори со охридскиот фудбалски клуб потпишаа Ромео Кочоски и Александар Бакулески.

Капитенскиот двоец Кочоски – Бакулески повторно ќе треба да биде темел во соблекувалната и врска помеѓу екипата и управата.

Една година сме поискусни и од самиот старт (ќе) знаеме што не очекува. Добивме супер шанса за уште една сезона во Втората МФЛ и не треба да ја испуштиме или прокоцкаме. Со нетрпение ги очекуваме подготовките и натпреварите потоа бидејќи многу е убаво да се игра во Охрид и пред охридската публика. – изјавија капитените.

Кочоски и Бакулески се две нови алки во охридскиот мозаик, првите две беа искусните Игор Клечкароски и Раиф Мирселоски, кои ја продолжија верноста со „рибарите“.

OhridNews